Модуларниот ковид центар во Струга ќе биде готов на средина на јануари, моментално во струшката болница се хоспитализирани 45 пациенти позитивни на ковид 19

- Локални
810

Деновиве интензивно се работи на поставување на модуларниот ковид центар во склоп на струшката болница. Директорот Мухамед Асани за Strugaonline информираше дека ковид центарот ќе биде целосно подготвен во средината на месец јануари.

Моментално во болницата во Струга од ковид 19 се лекуваат 45 пациенти од кои 80% се на кислородна поддршка , а капацитетите на интерното и детското одделение кое беше пренаменето за лекување ковид пациенти вкупно имаат капацитет од 55 кревети.

Асани додаде дека бројот на лица кои имаат потреба од хоспитализација е малку намален, но потенцираше дека не може да се знае како состојбата ќе се одвива понатаму.

Тој уште еднаш апелираше до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита.

Во Струга моментално има 350 активни случаи на ковид 19.

Strugaonline

Facebook Коментари