На ,,Ќафасан“ приведено лице од Албанија барано од Интерпол

- Локални
358

На 28-ми декември 2020 година, во 11:00 часот на Граничниот премин „Ќафасан“ од полициски службеници приведен е 32-годишниот Х.Б. од Република Албанија.

– По извршените проверки констатирано е дека лицето е евидентирано во стоп-листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол од Република Грција. Лицето е предадено во Полициска станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР.

извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари