Мороишта избра нов Совет и нов претседател на Месната заедница

- Локални
1625

Во организација на Одделението за соработка со Месни заедници при Општина Струга, а под  надзор за правилно спроведување на постапката за избор на органите на месната самоуправа на село Мороишта извршен од страна на советничката од  Советот на Општина Струга, Г-ѓа Валентина Переска,  избран е нов совет и нов претседател на  Месната заедница во село Мороишта.

-Во наредните четири години , претседател на месната заедница во Мороишта ќе биде Г-дин Ацо Попоски, секретар ќе биде Г-дин Александар Клечкароски, а за благајник е избран Танче Малески. -информираат од Одделението за соработка со месни заедници при Општина Струга.

Од таму додаваат  дека изборот се споведуваше со почитување на сите мерки и препораки за заштита од корона вирусот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари