На 24-ти јули 2020 година, во 19:05 часот, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, 26-годишниот М.М. од струшкото село Франгово, управувајќи мотоцикл „Сузуки“ со швајцарска национална ознака, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во дрва покрај патот.
– Во незгодата, возачот М.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.
извор: МВР
фото: архива
Facebook Коментари