Викенд програма ,,На зајдисонце“ во Трпејца

- Локални
474

Во рамките на овогодинешното издание на културно-забавното лето  ,,На зајдисонце.,, во Трпејца , денеска во 10:00 часот се одржа забавниот настан „Фаќаме риба на јадица“ а од 20 и 30  часот ќе започне евергрин концертот  на  Емилија Маринова и Јане Тодоровски.

Утре во 10:00  часот  ќе се одржи  традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ а во вечерниот термин  на сцената Кај Бунарот ќе се одржи настанот : „за Трпејца со љубов“  посветен на писателот, хроничар и публицист Данило Коцевски  и неговите раскази за Трпејца и трпејчани. Извадоци од книгата „Патување за Аркашон“ од Коцевски ќе презентира актерката Марија Кондовска а осврт за книгата ќе има новинарката Јана Коцевска.

Вечерта, репризно ќе биде прикажан документарецот „Трпејца на дланка“ премиерно прикажан пред два дена.

Деветото издание на културно – забавното лето „На зајдисонце“ ги донесе и настапот на младиот гитарист Мартин Милески, дуто BLACK MOON промоцијата на книгата „Метафора“ од академик Миле Миќуновиќ  и дружбата со Живко Поповски – Цветин.

Организатор от здружението „За Трпејца со љубов“ годинава е помогнат финансиски од општина Охрид, Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје и спонзори од Охрид и Трпејца.

Strugaonline

Facebook Коментари