МВР: Лажна е пријавата за поставена бомба во училиште во Охрид

- Локални
350

 Лажна е пријавата за наводно поставена бомба во училиште во Охрид, завршија сите потребни проверки, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, стои во соопштението МВР. 

Извор: MВР

Facebook Коментари