На 11-ти февруари во Општина Струга јавна расправа по Планот за управување со животната средина

- Локални
1037

Општина Струга во рамките на апликацијата „Струга-Твојата туристичка дестинација”, подготви Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот “Струга-Твојата туристичка дестинација. ”

Целта е  навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за реконструкција и проширување на постојните тротоари и изградба на пешачка и велосипедска патека.

Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

-Јавната расправа по  Планот за управување со животната средина ќе се одржи во просториите на општина Струга на 11.02.2020 година, се покануваат сите заинтересирани страни да земат активно учество во реализација на овие активности.-информираат од Општина Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари