Водечкиот светски диџеј, Мартин Гарикс го предводи седмиот „Си Денс“ Фестивал!

- Забава
63

Мартин Гарикс (Martin Garrix), трикратниот добитник на титулата за најдобар светски диџеј, ќе ја предводи програмата на седмиот СИ ДЕНС (Sea Dance) фестивал на кој пристигнува со аудио-визуелен спектакл каков што публиката досега можела да види само на најголемите светски фестивали како што се Тумороуленд, Коачела, ЕГЗИТ, Ултра и други. Колку Гарикс со својата појава ги раздрма самите темели на музичката индустрија, говори податокот дека на само 23-годишна возраст тој е најдобро рангираниот светски диџеј на изминатата декада, како и податокот дека зад себе има дури 60 милиони фанови, 19 престижни музички награди, како и 69 синглови кои заедно надминуваат 10 милијарди стримови! Водечките светски изведувачи како РијанаЏастин Бибер и Дуа Липа се тркаат за соработка со него, додека славниот магазин „Форбс“ го прогласи за една од највлијателните личности во светот под 30 години. Покрај настапот на Зимските олимписки игри 2018-та, оваа година тој е избран и за автор на официјалната химна на Европското првенство во фудбал УЕФА ЕВРО 2020! Откако Дејвид Гета го постави многу високо скалилото за спектакл на „Си Денс“, Гарикс денеска е практично единствениот во светот кој може не само до го долови, туку и дополнително да го издигне нивото, барем ако се суди по моќните продукциски нацрти кои неговиот тим ги подготви во соработка со тимот на ЕГЗИТ (EXIT). Тоа го потврдува и податокот дека во официјалната анкета на „Си Денс“, тој го освои убедливото прво место, со дури двојно повеќе гласови од второпласираниот изведувач, што досега е незабележано во историјата на сите фестивали на „Егзит“. Публиката од преку 40 земји во светот која од 28-ми до 30-ти август се собира на фантастичната будванска плажа Буљарица во Црна Гора ја очекува несомнено музичкиот настан на годината, и тоа во новата ера во која претходната година заплови „Си Денс“ фестивалот, денеска еден од најголемите музички настани на целиот Медитеран.
Мартин Гарикс не престанува да ги поместува сите познати граници кога е музичката индустрија во прашање. Освен тоа што до хедлајнерските позиции на сите најголеми светски фестивали стигна веќе пред неговиот 18-ти роденден, неговата листа на соработки вклучува имиња како што се Ријана на чиј албуми работи во моментов! Тука се уште и Џастин Бибер со чија кариера неретко го споредуваат, но и Дуа Липа, Бебе Реџа, Мајк Шинода и десетици други. Дејвид Гета лично му ја врачи наградата кога трета година по ред беше прогласен за најдобар светски диџеј, додека Карл Кокс за Гарикс кажа дека тој е „лицето на иднината“ во документарниот филм „What We Started“ во кој покрај нив двајца се појавуваат уште и менторот на Гарикс, славниот Тиесто, како и цела плејада уметници од електронската сцена како што се Моби, Афроџек, Стив Анџело, но и поп ѕвезди како Ед Ширан или Ашер. Гариксовиот ѕвезден статус рано го препозна и бизнис „библијата“, магазинот „Форбс“, кој го вклучи во листата на највлијателни личности под 30 години, во која тој воедно беше и најмладиот, додека природно се најде и меѓу најплатените диџеи на планетата, а својот ѕвезден статус го зацврсти со настапот на затворањето на ЗОИ во февруари 2018-та во Пјонгчанг!

Меѓу вртоглавите 19 престижни музички награди, се наоѓаат и две „Ем-ти-ви ЕМА“ награди, две „Ем-ти-ви Милениал“ признанија, „International Dance Music Award“ за најдобар музички изведувач, додека магазинот „Џи-Кју“ му ја додели титулата „Man of Today“! Прво место на Топ 100 листата на порталот „Диџеј Маг“ и тоа дури три пати по ред, хедлајнерски позиции на големите фестивали, бројни фанови ширум светот, му овозможија и песните кои денеска бројат милијарди „ЈуТјуб“ прегледувања! Она што го издвојува од останатите е фактот дека Гарикс своите таленти ги покажува во повеќе сфери и жанрови, како преку соработките со Патрик Стамп, пејачот на бендот „Fall Out Boy“, така и свирејќи гитара во живо во една од најпознатите ток-шоу емисии „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“. Гитара имено свири од својата осма година, а преку неа стекна бројни музички знаења кои ги користи во пишувањето на песните.

Првите влезници за „Си Денс“ од 14-ти февруари!

Во петок, 14-ти февруари, стигнува и многу ограничениот контингент со првите влезници за новиот „Си Денс“ по промотивна цена со 50% попуст, од само 1.700 ДЕНАРИ, која ќе биде актуелна до истек на залихите! Влезниците можат да се купат преку сајтот seadancefestival.me.

Facebook Коментари