На 11-ти мај во Струга работилница на тема- Иднината на регионот Јабланица

- Локални
228

На 11-ти мај (четврток) со почеток во 11:00 часот во просториите на Хотел Београд во Струга ќе се одржи работилницасо наслов „Позитивни искуства и соработка на локално ниво во процесот за прогласување на заштитени подрачја во Македонија – примери од Шар Планина“ . Истата е во организација на Македонско еколошко друштво (МЕД) и Локална Агенција за Развој, Струга.

Оваа работилница е трета од серија настани што ќе се одржат во општините Струга и Вевчани, а се организираат во рамки на проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Р.С. Македонија“ финансиран од Партнерски фонд за заштита на критичните екосистеми (CEPF).

,,Целта на оваа работилница е заеднички да зборуваме за иднината на регионот Јабланица и да слушнеме која е заедничката визија за Јабланица. На оваа работилница ќе споделиме активности на МЕД и Здружението „Иницијатива за граѓански интеграции“ од Гостивар поврзани со вклучување на локални заедници и активизам.“ -информираат организаторите.

Оваа работилница е наменета за невладини организации, формални или неформални групи активни во регионот на Јабланица, спортски здруженија, месни заедници, локална самоуправа итн.

Strugaonline

Facebook Коментари