На 20-ти мај во хотел Боград собир на пациенти и семејства со ретки болести

- Локални
276

На 20-ти мај во хотел ,,Боград“ во Струга ќе се одржи собир на пациенти и семејства со ретки болести од Охридско-струшкиот регион.

Од здружението ,,Ги запознаваме ретките болести“ упатија молба до сите оние кои сакаат да учествуваат на средбата, да го потврдат своето присуство преку порака на Facebook страницата ,,Ги запознаваме ретките болести“.

-Се надеваме дека ќе се собереме и ќе поразговараме околу проблематиките со кои се соочуваме, додаваат од здружението.

Средбата ќе започне во 13:00 часот.

Потоа, во 18:00 часот ќе има и детска трка посветена на децата со ретки болести.

Strugaonline

Facebook Коментари