На 21 јули започнува 29-то издание на манифестацијата „Поетската ноќ во Велестово“, поетските ноќи ќе траат до 23 јули на неколку локации во Велестово и Охрид.
Според најавената програма, овогодинешното издание ќе го одбележи учеството на десеттина поети, музичари и уметници од земјава и странство. Програмата ги опфаќа следниве активности:
Во петок (21 јули) во 21:00 часот Џез концерт ќе одржи бендот Караванија, Поетски портрет на поетот Ристо Василевски, а ќе биде отворена и изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски.
Во сабота (22 јули) е предвидено гостување на Отвореното студио во Арт поинт Гумно во Слоештица и читање поезија, а во недела (23 јули) ќе биде одржана промоција на книгата „16 бугарски поети“ и настап на гостите од Бугарија, Владимир Левчев, Аксинија Михајлова, Роман Кисјов, Ани и Илков и Поли Муканова.
Во рамки на манифестацијата, а во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации и МАНУ на 28 јули (недела), ќе се одржи промоција на проект- книгата „Извештаи на Рисот“ од Славе Ѓорѓо Димоски и Сергеј Андреевски. Исто така, во соработка со издавачката куќа ПНВ Публикации во текот на летото во Охрид ќе бидат организирани и прoмоции на делата „Доилката“ од Лилјана Пандева и „Ништо не е недостижно“ од Зоран Јакимоски.
Манифестацијата „Поетската ноќ во Велестово“ има своја долгогодишна традиција и на едно место ги собира талентираните поети, музичари и уметници кои творејќи градат позитивни вредности
Facebook Коментари