Триото на Дамјан Пејчиноски ја освои Кина

- Музика
1238

Триото на македонскиот виртуоз на гитара Дамјан Пејчиноски ја доби наградата “Excellence In Performance” на фестивалот на културата  што се одржа во кинескиот град Ланжу. Фестивалот се одржа од  6 до 11 јули,а  според фотографиите и самото признание може да се заклучи дека музичката уметност која ја создава Пејчиноски наиде на голема почит и воодушевување од страна на тамошната публика како и стручната јавност.

 

Фестивалот во Ланжу се одржа од  6 до 11 јули под покровителство на Mинистертвото за култура на Кина и кинеската џез асоцијација. Триото на Дамјан Пејчиноски пред публиката во Кина се претстави со џез   и македонски етно компонзиции во сопствен аранжман.

Извор: Strugaonline

Фото: Дамјан Пејчиноски Fb

 

Facebook Коментари