На 22-ри мај ќе се одржи ,,Трка на поезијата“, неколку улици ќе бидат затворени за сообраќај

- Локални
510
Здружението ,,Спортски мостови“ – Струга информира дека поради одржување на атлетска трка „Трка на поезијата“, на ден 22-ри мај, недела од 08:30 до 11:30 часот , ќе бидат затворени следните улици за сообраќај:
– Потегот од кружен тек на улица „15ти Корпус“ (пливалиште) по улица „Партизанска“ до Еуро Хотел
– Потегот од кружен тек на улица „Маркс и Енгелс“ со улица „Партизанска“ до кружниот тек на улица „ЈНА“ (кај полиција)
– Потегот од кружниот тек на улица „ЈНА“ (кај полиција) до Чаршискиот мост.

Facebook Коментари