На 24-ти Мај традиционално пролетно искачување на Стрижак

- Локални
434
Во организација на Планинарско и еколошко друштво ,,Гороцвет на Јабланица” – Подгорци на 24-ти Мај ќе се одржи традиционално пролетно искачување на Стрижак.
,,Збирно место ќе биде на Лабунишки бачила(последна викендица кон врвот). До местото можете да дојдете со џип или кола (пожелно е да го оставите возилото каде што завршува асфалтот).
Време на тргнување кон врвот е 9:00 часот.,, -информираат организаторите.
Маршута: врв Стрижак. Лабунишки локви – Лабунишки бачила. Во времетраење од четири часа.
,,Доколку во групата има поспремни можат да продолжат и кон подгоречко езеро со обиколка (плус е час и половина). Учесниците да си земаат комплетна планинарска опрема и храна ( вода мин.1 литар). Секој од учесниците оди на сопствена одговорност и одлука. Затоа се молат да се движат заедно со меѓусебно дружење и уживање.,,-додаваат организаторите.
Контакт телефони: Прим. Д-р Оливер Бојчески 070 466 558 и Жанко З’Ш Голабоски 075 607 608.

Facebook Коментари