На 29-ти јуни годишен концерт на КУД ,,Илинден“-Струга, слават 40 години постоење

- Локални
409

Со годишниот концерт што ќе се одржи на 29-ти јуни, КУД Илинден-Струга ќе прослави голем јубилеј-четриесет години постоење.

Публиката во струшкиот Центар за култура ќе има можност да проследи вистински спектакал на кој ќе настапат сите 200 членови поделени во пет групи.

,,Планирана е богата програма за достојно одбележување на големиот јубилеј составена од ора-сценски адаптации, кореографски постановки и оркестарско оро. За сите љубители на фолклорот подготвивме вистинско уживање и ветуваме дека ова ќе биде концерт за кој што долго ќе се зборува. Пред нас е голема одговорност, четриесет години постоење не е мала работа, затоа имаме интензивни проби и овој концерт сакаме да помине беспрекорно.“ -изјави за Strugaonline Љупчо Милошески, раководител во КУД ,,Илинден“.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Стартот е закажан за 20:00 часот, билетите се по цена од 200 денари.

Strugaonline

Facebook Коментари