На 4-ти мај популарното Трио Џентлмен ќе одржи концерт во Струга

- Локални
373
На 4 мај, (четврток), со почеток во 20.00 часот во фоајето при НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, ќе се одржи концерт на популарното Трио Џентлмен-музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко-сценска атракција.

Трио „Џентлмен“ има настапувано низ целата земја со свои целовечерни концерт, тие се дел и од големи манифестации во нашата држава, како и надвор од неа. Нивните настапи се познати по тоа што секогаш нудат нешто ново нешто не видено на нашите простори.
Тие се различни и по тоа што прават спој на операта, оперското пеење со различни жанрови како поп, латино, џез, рок композиции и сето тоа во еден нов и специфичен звук, тризвук интрепетиран од тројца оперски пејачи.
Влезот е бесплатен, а проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Strugaonline

Facebook Коментари