На 5-ти јули започнува манифестацијата „Струшки книжевни средби“

- Локални
1010

Книжевната манифестација  „Струшки книжевни средби – 2018“ ќе се одржи од  5 до 7 јули 2018 година во Струга, Охрид и Вевчани. Oва е планираната програма:

Четврток, 5 јули 19,00 ; НУ Библиотека „Григор Пеличев“ – Охрид;  Промоција на двојазичната книга „Соѕвездие“/„Сазвежђе“ на македонски и српски писатели  на здружението „Бран“ од Струга и „Седумка“ од Франкфурт на Мајна – Германија. За македонско српското пријателство на „БРАН“ и „Седумка“, краток осврт на Петко Шипинкаровски и Љубиша Симиќ.

Промотор: Проф. др Христо Петрески, модератор: Тоде Илиевски

21:00 Струга, хотел Београд – Струга; вино, музика и поезија

Петок, 6  јули 10:30 Градоначалникот на Општина Струга Г-дин Рамиз Мерко ќе ги прими наградените автори Виктор Шеќероски, Никола Шимиќ Тонин, Јордан Ѓорчев, Љубиша Симиќ, Елена Пренџова и Владимир Плавевски

12:00 Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга.

-Книжевно музички перфонанси со Мојца и Петер Андреј – Словенија

-Доделување на наградата „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за 2018 година

Промотори: Тоде Илиевски и Мерсиха Исмајлоска

Наградите ги доделуваат Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески

-Доделување на наградата „Книжевна далга“ на добитникот Виктор Шеќероски за 2018 година.  Реч за добитникот: Христо Петрески

Наградата ќе ја додели претседателот на Културниот центар „Бран“ и главен и одговорен уредник на „Бранувања“ Петко Шипинкаровски

17:30 Вевчански извори – Вевчани ;  Поздравна реч на учесниците на „Струшките книжевни средби од  Сашо Јанкоски –  градоначалник на Општина Вевчани

-Поетски хепенинг -Претставување на членовите на Друштвото на писателите „Седумка“ Фракфурт на Мајна, на ХKД Задар – Хрватска,  a потоа, настапуваат сите учесници на фестивалот „Струшки книжевни средби – 2018“ со читање песни од своето творештво Модератор: Мишо Китаноски

19:00 Црква Св. Никола – Вевчани -Промоција на книгата „Молитвеник од предходниот живот“ од Сузана Мицова , Промотор: Тоде Илиевски

-Доделување на наградата, „Струшко слово“на добитниците за 2018 година  Никола Шимиќ Тонин (Хрватска) и Јордан Ѓорчев од Македонија

Реч за добитниците на наградата Васил Тоциновски и Христо Петрески

21: 00 Пупинова куќа, Под вевчанското ведро небо – Книжевно музички перфонанси со Мојца и Петер Андреј – Словенија, поетите читаат песни од своето творештво.

Сабота, 7 јули 10: 00 часот: Посета на селото Белчишта, средба со градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески, истовремено и разгледување на Колонијата за ликовна уметност и Ликовната галерија во с. Белчишта. – 11:00 часот; Разгледување на природниот резерват Сини Вирој. – 12:00 часот; Посета на родната куќа и „Спомен собата“на писателот Ванчо Николески, родоначалник на македонската литература за деца. 13,00 часот: Етно хепенинг – „Традиционална македонска софра“(ручек за учесниците подготвен од жителите н селото, приредува градоначалникот на општина Дебрца Зоран. Ногачески).-Одјавување на манифестацијата со спонтан настап – читање песни на учесниците од своето творештво. Модератор: Веле Митаноски новинар публицист и литературен деец.

Strugaonline

Facebook Коментари