На 7-ми мај во Струга ќе се одржи традиционалната Струшка Еордија (Литија)

- Локални
969
На 07-ми мај 2023та година, недела, со почеток во 16:00 часот во Струга ќе се одржи еден од најголемите, најторжествените настани во целиот православен свет, традиционалната Струшка Еордија (Литија).
Настанот ќе започне со вечерна богослужба во 16:00 часот во црквата св. Георгиј во Струга, а потоа ќе следи Литија со моштите на св. Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона, придружена и со благословот од Пресвета Богородица преку нејзината чудотворна икона Крнинска, кои ќе бидат главно обележје на големиот сенароден настан. Еордијата ќе ја придружува и оркестар.
На самиот крај на Струшката Еордија во дворот на струшкиот храм ,,Св. Георгиј Победоносец” ќе следи културно-уметнички настан. Св. Георгиј победоносец е голем заштитник на народот, а Струшката литија е посебно доживување, затоа на 7-ми мај сите патишта водат кон Струга.
фото: архива

Facebook Коментари