На денешниот натпревар меѓу РШ Струга Динг 2021 и РК Јуниор Кисела Вода ќе има кутии за донации за семејството Автароски

- Локални
283
Во рами на седмото коло од пионерската лига, денеска екипата на РШ Струга Динг 2021 на домашен терен игра со екипата на РК Јуниор Кисела вода.На влезот од салата ќе биде поставена кутија за донации за помош за семејството Автароски, на кои им беше опожарен семејниот дом во Радожда.
,, Спортот и ракометот понекогаш паѓаат во втор план, а ние сме среќни што во нашиот колектив имаме членови, деца кои самите ја иницираа оваа хуманитарна акција за да му помогнат на свој другар кога му е најпотребно   Апелираме на што поголем одзив, поддршка и донации на денешниот натпревар и од нас возрасните!“-велат од РШ Струга Динг 2021.
Натпреварот ќе се игра во СЦ ,,Тими“ со почеток во 14:30 часот.
Strugaonline

Facebook Коментари