На „Ќафасан“ приведено лице од Албанија, барано од Интерпол-Германија

- Локални
594

На 6-ти април 2022 година, во 10:15 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, на влез во државата бил лишен од слобода 45-годишниот В.П. од Република Албанија.

 – По извршени гранични проверки во службената евиденција било констатирано дека за него има мерка „апси“, по распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол-Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга, за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Facebook Коментари