На „Ќафасан“ приведено лице од Албанија, барано по меѓународна потерница од Интерпол Германија

- Локални
575

На 5-ти декември 2022 година во 18:20 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода 31-годшниот М.А. од Република Албанија, затоа што при извршени проверки во оперативна евиденција било констатирано дека се наоѓа на стоп листа со мерка „апси“, по меѓународна потерница од Интерпол Германија.

 – Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка, информираат од МВР.
Извор: МВР

Facebook Коментари