Продолжува 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Вечерашната програма ги задоволува сите вкусови со оглед на тоа дека ова е вечер резервирана и за квалитетна музика но и за одлична театарска претстава.
Со почеток од 20:30 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ концерт ќе одржи Tурксој камерен оркестар, Tурција. Влезот за овој концерт е слободен. За оваа фестивалска вечер е предвидено да биде одиграна и театарската претстава „Отело“ од Вилијам Шекспир во режија на Иван Урумов, во продукција на Театар на Бугарската Армија, Софија Р. Бугарија. Цената на билетот изнесува 300 денари. „Отело“ ќе се игра во Предворјето на црквата Света Софија со почеток од 21:00 часот.
Facebook Коментари