Струга се гуши во чад во екот на туристичката сезона

- Локални
1464

Во екот на туристичката сезона, за време кога во градот има и туристи и многу културни настани, Струга се гуши во облаци од чад. Струшката дива депонија вчера беше повторно спалена од за сега непознат сторител. Загадениот воздух  се чини и понатаму ќе биде сурова реалност за стружани.

Проблемот со палењето на струшката дива депонија започна за време на Велигденските празници годинава, од тогаш до денес беше формирана Граѓанската иницијатива „Доста“ , стружани одржаа низа протести испраќајќи пораки до надлежните дека треба да се изгасне огнот на смртта во градот на Миладиновци. На последните протести група граѓани извикувајќи „Вие сте канцерот на Струга“ фрлија ѓубре пред зградата на Општина Струга.  Тогаш, дел од присутните граѓани истакнаа дека доколку не се реши проблемот односно не се дислоцира депонијата, ќе бидат преземени порадикални мерки.

„Ќе излеземе на нови протести и ќе ги блокираме патиштата“ –  изјавија тогаш присутните граѓани.

За проблемот со дивата депонија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кон крајот на месеци јуни изјави дека се разгледуваат сериозни можности во наредниот период струшката депонија да биде дислоцирана и да се изнајде трајно решение.

Еколозите потенцираат дека проблемот со Струшката депонија трае веќе петнаесет години.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари