На свеченост што ќе се пренесува online ќе бидат доделени Наградата и Повелбите „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“

- Локални
451

Oхрид утре го празнува  ,,Свети Климент Охридски“- патронот на градот.

Поради состојбата со пандемијата, наместо свечена академија, ќе се одржи соодветна свеченост која ќе се пренесува онлајн. На истата свеченост, во голеамата сала на Општина Охрид  ќе бидат доделени и наградите и Повелбите „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“-јави порталот Ohridpress

Академик Вера Битракова- Грозданова е добитник на највисокото општинско признание за 2020 година.

Таа е неуморен истражувач, универзитетски професор и еминентен научник од областа на археологијата и историјата на уметноста. Родена на 19-ти јули 1939 година во Охрид. Во родниот град го завршува основното и гимназиското образование, дипломира, магистрира и докторира на Филозофскиот факултет во Загреб на тема „Ранохристијанските споменици во Охридскиот регион“. Од 1975 година до пензионирањето е професор на Филозофскиот факултет на Институтот за историја на уметноста и археологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а за редовен член на МАНУ е избрана во 2009 година.

Во текот на работниот век учествувала во многу археолошки истражувања, особено во Охрид, има објавено околу 150 научни и стручни трудови и учествувала на бројни студиски престои во Франција, Германија, Грција, Бугарија, Албанија и други земји, а била учесник на бројни меѓународни научни собири. Академик Вера Битракова- Грозданова е носител на повеќе научни и општествени признанија меѓу кои се наградата „Гоце Делчев“, престижната европска награда Herder-Preise и наградата „Климент Охридски“ .

Добитници на повелбaта „Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се:

-ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид – како главен носител на борбата со пандемијата на COVID-19, посветеноста, стручноста и пожртвуваноста на сите вработени во оваа здраствена установа.

-Д-р Мимоза Влаши Хиса – специјалист по гинекологија и акушерство, раководител на Одделот за гинекологија, акушерство и неонатолошка опсервација во ЈЗУ „Општа болница“ од Охрид- заради нејзиниот ентузијазам, издржливост, посветеност кон пациентите и соработка со колегите.

-Проф. д-р Рубин Земон, социо-културален антрополог- долгогодишен активист во невладиниот сектор за промоција на мултикултурализмот и толеранција, на богатото културно наследство на Охрид, заштитата на културното и природно наследство, еминентен научник во општествените науки и универзитетски професор.

Извор: Ohridpress

Facebook Коментари