Стружани најавуваат протест за решавање на проблемот со водата за пиење

- Локални
546

Под мотото ,,Во време на пандемија, без вода е трагедија“ најавен е протест на кој ќе се бара трајно решение за проблемот со недостигот на вода во одредени делови од Струга.

Најголем дел од поплаките доаѓаат од граѓани кои живеат во станбени згради кај ,,Фон“ универзитет, кај ,,Струшки кепенци“, зградите кај ОУ ,,Браќа Миладиновци“ и други локации во градот.

Протестот ќе се одржи во сабота во 11:00  часот пред ,,Проаква“

Во меѓувреме од ЈП ,,Водовод и канализација“ -Струга  денеска информираа дека  бидејќи изворите немаат доволно вода, ќе има недостиг на вода или притисокот ќе биде мал од 22:00 до 05:00 часот наутро, сè додека не се подобри состојбата.

Strugaonline

 

Facebook Коментари