Националниот парк „Галичица“ и Фондот за природа „Преспа-Охрид (ПОНТ)“ ќе потпишат договор за грант

- Локални
1276

Денеска ќе биде потпишан договорот за грант помеѓу националниот парк „Галичица“ и Фондот за природа „Преспа-Охрид (ПОНТ)“.

– После неколку месечните преговори и аплицирањето од страна на ЈУНП „Галичица“ на повикот за финансиска поддршка објавен од Фондот за природа „Преспа-Охрид (ПОНТ)“, ќе биде потпишан договор со кој Фондот ќе финансира дел од трошоците за тековното работење на ЈУНП „Галичица“, во висина од 150.000 евра за 2019 година. Ова претставува иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ неодамна беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја, информираат од Националниот парк „Галичица“.

Договорот ќе биде потпишан меѓу извршниот директор на ПОНТ Миријам де Конинг и директорот на ЈУНП „Галичица“ Васко Паскали.

извор и фото : ОхридПрес

 

Facebook Коментари