Најавен е собир во Струга на 25-ти март

- Локални
1070

Најавен е масовен, народен и Семакедонски собир во Струга оваа недела на 25ти март во 14:00 часот кај раскрсницата со Јарболот.

Собирот ќе биде во Недела во 14часот кај јарболот со Македонското  знаме кај Мислешевски пат.
Цел на овој собир е искажување незадоволство на анти-државни, анти-уставни и анти-македонски одлуки на нелегитимната влада.
Како и во минатото кога беше загрозен нашиот интегритет и суверенитет, одговоривме како што знаеме и можеме во неколку наврати.
Во 2004та година, кога се носеше наметнатиот закон за територијална поделба одговоривме народно, семакедонски и надпартиски се со цел да си ги заштитине нашите права, нашиот дом. 
Сметаме дека во овие моменти, слично или исто ни е загрозен нашиот Устав, Интегритет, Суверенитет и Унитарноста на нашата држава, а ние како граѓани на нашата држава сме должни тоа да си го браниме.“ – велат организаторите во најавата на собирот.

Facebook Коментари