Mладинската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Исланд во квалификации

- Спорт
687

Младинската репрезентација на Македонија во женска конкуренција загуби на првиот меч од квалификациите за Светското првенство кое следното лето ќе се одржи во Унгарија.

Македонија загуби од Исланд на стартот од квалификациите со високи 15 гола разлика и конечни 20:35. На овој меч домашните имаа повеќе од играта во поголем дел од средбата така што и немаше шанси Македонија да дојде до подобар резултат.

Во првиот меч од групата 4, Германија исто така беше убедлива. Со 34:16 успеа да ја совлада селекцијата на Литванија, па веќе е јасно кои две репрезентации се на чекор од шампионатот.

Следен противник на Македонија е Литванија, а мечот се игра од 16 часот.

Извор: 24rakomet

фото: архива

 

Facebook Коментари