Најновата ,,Импровокација“ утревечер ќе се игра во Народен театар Охрид

- Локални
416

ИМПРОВОКАЦИЈА на SUMMER COMEDY MARATHON ’23 повторно се враќа во Народен Театар Охрид – Mала Сцена .


Култното шоу во кое додека не започне никој, дури ни изведувачите не знаат што ќе се случи, повторно се враќа на својата матична сцена Народен Театар Охрид – Мала Сцена. Неверојатна театарска импровизација која веќе осум  сезони се случува секогаш премиерно затоа што вие предлагате во која насока ќе се одвива шоуто. Шоу во кое за ваше трајно задоволство ќе се погрижат импровокаторите: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски, Никола Јосифоски и Филип Ангеличин Жура.

Strugaonline

Facebook Коментари