Сообраќајка во близина на мост од реката Сатеска, повредени се две лица

- Локални
1125

На 20-ти јули 2023 година, околу 02:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат во Струга, во близина на мост од реката Сатеска, 43-годишниот Б.П. од Охрид, управувајќи патничко возило марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

– Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид, додека со телесни повреди се здобил сопатникот, 37-годишниот Ј.Ѓ. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари