Најновото стенд ап шоу на Никола Тодороски во сабота пред охридската публика

- Локални
572
Најновото стендап шоу на Никола Тодороски пред охридската публика ќе биде претставено оваа сабота.
. Час и петнаесет минути интензивна стендап комедија од која ќе ве заболат стомачните. Еден од најдобрите македонски стендап комичари ве поканува на едно незаборавно шоу во кое за момент ќе заборавите за секојдневието, а потоа тој ќе ве потсети и ќе ве натера да се изнасмеете.
РЕЦИКЛИРАНИ КОНФЕТИ е стендап шоу исполнето единствено со оригинална комедија. Како да се биде патриот, како да се справиш со улогата на родител и татко, како да ја направиш среќна сопругата, како да преживееш ден без да те обземат лоши чувства, како да се сфатат новите генерации, сето ова се само дел од темите со кои Никола се шегува во ова неверојатно шоу.
Доколку сакате сериозно добра комедија ова шоу е за вас. Ве предизвикувам убаво да си поминете барем час и петнаесет минути.
Картите по цена од 250 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев”-Охрид, почеток 20.00 часот. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.
За време на настанот важи протоколот кој е одобрен од Комисијата за заразни болести, а се однесува на настани во затворен простор. Бројот на билети е ограничен на 30% од капацитетот на големата сала.
Strugaonline

Facebook Коментари