Во згрижувачки дом почина 11-годишно дете од Охрид, штитеник на Заводот во Демир Капија

- Хроника
80

Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, каде синоќа почина 11-годишно дете, штитеник на Специјалниот завод Демир Капија.

Починатото момче било згрижено во семеен дом пред еден месец, откако претходно било пронајдено како целосно запуштено живее само во исклучително лоши услови во Охрид.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.

Facebook Коментари