Народен театар Охрид со претставата „Аналфабет“ вечерва гостува на Интернационалниот фестивал „Јоаким Осоговски“
Народен театар Охрид, вечерва гостува на седмиот по ред Интернационален театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. Со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена претставата „АНАЛФАБЕТ” – комедија според текст на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески. Во претставата играат:
Станува збор за комедија која предизвика многу позитивни реакции кај публиката, а истата на уметнички начин дава опис на разликите помеѓу социјалните слоеви, односно дава комичен приказ на луѓе кои ги злоупоттребуваат своите високи општествени позиции за лична корист, без да мислат на последиците.
Извор: ЦК „Григор Прличев“ Охрид
Strugaonline


