Етно составот „Езерки“ од Загреб во сабота ќе одржи концерт во Охрид

- Локални
1033

За сите љубители на традиционалната музичка уметност, женскиот вокален етно состав „Езерки и оркестарот 7/8“ од Загреб, во рамки на својата мини турнеја низ Македонија, во сабота ќе одржи концерт во Охрид.

Постоејќи и работејќи од 1995 година, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, Република Хрватска, етно составот „Езерки и оркестарот 7/8“ ја негуваат македонската традиционална и староградска музика на свој специфичен начин, а зад себе имааат и пет студиски албуми.

Концертот ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот, а влезот ќе биде бесплатен.

На концертот ќе бидат изведени:„Македонско девојче”, „Ако умрам, ил загинам”, „Битола, мој роден крај” и многу други песни, а  ќе биде прикажан и документарниот филм под наслов “Лудуваме за Македонија”.

Извор: ОхридПреc

Strugaonline

Facebook Коментари