Научник за блатни екосистеми од денеска до 19 мај во посета на Охрид и Скопје

- Локални
1081

 

Oд денеска до 19 мај, во Македонија ќе престојува проф. д-р Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот огранок на Светското друштво на научници за блатни екосистеми.

Тој во Скопје ќе одржи серија предавања на Природно-математичкиот факултет и ќе биде специјален гостин на тркалезната маса во организација на Здружението за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н. на тема „Влијанието на планираните инфраструктурни проекти врз биодиверзитетот во охридско-преспанскиот регион“ која ќе се одржи утре, а на која учество ќе земат видни научници од цела Македонија.

Во Охрид ќе го посети Хидробиолошкиот завод и ќе оствари работна средба со членови на Граѓанската иницијатива „Охрид ЅОЅ“ на чија покана и доаѓа во Македонија.

Причината за неговата посета е опасноста од уништување на Студенчишкото Блато во Охрид – последниот филтер на езерото и дом и прибежиште на многу ретки и ендемски видови.

Извор: ОхридПреc

Facebook Коментари