Египет: Археолози откриле 17 мумии во катакомбите во провинцијата Минја

- Свет
852

Египетските археолози откриле 17 мумии во катакомбите во провинцијата Минја, јужно од Каиро, соопшти денеска Министерството за антиквитети.

– Пронајдовме катакомби со голем број мумии во нив изјави Салах ал Коли, професор по египтологија од Универзитетот во Каиро, кој го предводел истражувањето во областа Тоуна ел Габал.

Во ископините се пронајдени 17 мумии, кои немале кралско потекло.

Коли на прес-конференцијата одржана во пустина во близина на археолошкото место изјави дека откритието претставува „првиот човечки некропол пронајден во централен Египет со толку многу мумии“.

Facebook Коментари