Навивачката група „Паткари“ ја продолжува хуманата мисија, хуманитарни пакети со храна доби големо семејство од ранлива категорија

- Локални
994

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, навивачката група „Паткари Струга“  спроведе уште една хуманитарна акција во која беа донирани хуманитарни пакети со храна на семејство од ранлива категорија. Станува збор за дванаесе члено сомејство со десет деца кое живее во две соби.

Навивачката група од Струга често ја покажува својата хуманост, посебно за време на празниците.  Пред неполна недела тие  со хуманитарен пакет од храна и облека израдуваа самохрана мајка со три дечиња.

Strugaonline

Facebook Коментари