Недела на кулинарство во Струга – ова е предвидената програма

- Локални
874

Вчера започна Неделата на кулинарство во Струга. Оваа активност се релазира  во рамките на проектот „Декада на припадност-Славење на различностите“ финансиран од Европска Унија и Министерство за Култура во Македонија, и спонзорот Скопска Пивара и Тиквеш.

Неделата на кулиранство започна вчера во хотел Дрим со Саемот на храна, во рамки на денешната програма во клубот „Комбинати“ се одржа предавање на тема „Успешните приказни како наследство“ . Од утре па се до 28-ми јуни ќе се одржува работилницата  „Готвење со и за заедницата“,   а за последниот ден, 28-ми јуни, предвинеда е работилница со баристи „Да споделиме кафе“.
„Храната е одличен начин за споделување на културата со луѓе од различно потекло. Да се биде заедно и да се споделува трпезата е заеднички и обединувачки чин во речиси секое место во светот. Можноста да се зготви некое јадење и да се сподели со други луѓе е универзален концепт, бидејќи тоа е во коренот на нашиот опстанок.
Кулинарската недела се стреми да го стори токму тоа, да им овозможи на заедниците да се здружат и да ја споделуваат својата култура и наследство преку храната. “ – информираат организаторите

Strugaonline

 

Facebook Коментари