Македонската Суперлига ќе стартува во септември

- Спорт
814

Машката Суперлига и годинава ќе се игра по истиот систем на натпреварување. Металург и Вардар на лигата ќе и се приклучат напролет, додека во првиот дел од шампионатот, за разлика од лани, овој пат ќе има комплетни десет екипи.

Сезоната ќе стартува на 15 и 16 септември, што е една недела подоцна од женската лига. Првиот дел од сезоната би требало да заврши на 15 и 16 декември, односно еден месец пред СП во Данска и во Германија. Во овие три месеци ќе има само едно коло што ќе се одигра в среда и в четврток, додека другите ќе се играат за време на викендите.

Предвиден е двокружен систем, односно 18 кола, од кои 14 ќе се играат во есенскиот дел, а преостанатите 4 кола ќе се играат во пролетниот дел што ќе стартува во март.

Нови екипи се Струга и Бутел, кои се пласираа во најелитната конкуренција од Првата лига.

Прво коло:

Пелистер – Еурофарм Работник
Бутел – Прилеп
Борец – Струга
Вардар Јуниор – Радовиш
Пролет – Охрид

Извор: РК Металург

фото: архива

 

 

 

 

Facebook Коментари