Некогашниот пливачки базен во Струга денеска најгрда слика во градот

- Локални
1844

Некогаш место каде што своите вештини ги стекнале и докажувале значајни имиња од пливачката сцена во Македонија и пошироко, денеска збиралиште за ѓубре. Тоа е сликата од некогашниот пливачки базен во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Најновиот директор на училиштето, Шкелким Алиу, за телевизија ТВМ  предупредува дека овој објект е опасност за учениците:

„ Веќе 4 години се обраќаме до Локалната и Централната Власт со цел да се најде решение за базенот, кој е ризичен и може да се случи нешто несакано на учениците но и граѓаните. Досега нема никакво решение.  Баравме од Локалната власт или од Советот на општина Струга да се донесе одлука да се затвори базенот херметички за да се спасиме од проблемите со кои се соочуваат учениците со наркозависниците“.

Овој репрезентативен спортски објект изграден е во 1972 година, а во 2005 година престана со работа.

Извор: ТВМ

Фото: Архива

Strugaonline

 

Facebook Коментари