Нелегална сеча на буково дрво на планината ,,Караорман“, кривична пријава за едно правно и седум физички лица

- Локални
515

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „кражба на дрва“ и „пустошење на шуми“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Џ.Т.(48) од струшкото село Ново село, Р.Л.(31) од Струга, А.Р.(32) од селото Долно Татеши, против едно правно лице со седиште во Ново село., како и против албанските државјани А.З.(43), М.А.(43), К.Е.(29), М.П(35).
При контрола извршена на 17.08.2021 година на планината Караорман, полициските службеници ги затекнале албанските државјани при нелегална сеча на буково огревно дрво кое, со коњи  го транспортирале до товарно возило, сопственост на првопријавениот и неговото правно лице. Притоа, со претставници од шумското стопанство „Јабланица“ од Струга, утврдено е дека извршена била бесправна сеча на 10.2.19 м3 букови дрва.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари