Нов мурал посветен на Браќата Миладиновци осамна во градот на мостовите .

Здружението ,,Аква“ од Струга заедно со своите партнери и соработници оставија пример за Струга и покажаа вложување во нови генерации кои ги разбираат различностите, ја сакаат заедницата и сакаат да бидат дел од нејзиниот развој.
Низ долгиот процес на учење за мултикултурализам, радикализација и креативни алатки како дел од проектот “Мултикултуралиам и радикализација – нови пристапи кон старите проблеми”, го одржаа последниот финален настан во заедницата.

Младите кои беа дел од проектот, процесот го заокружија со покривање натписи со говор на омраза и цртање на нов мурал посветен на Браќата Миладиновци.

Уметникот Горан Ристовски ги водеше низ процесот на цртање, Лидија Мојсо им помагаше да направат видео запис кој ќе го промовираме наскоро, Н.У Центар за култура ,,Браќа Миладиновди ги поддржаа технички во процесот, а „Паткари“ се придружија за поддршка.
Проектот е спроведен во соработка со NEXUS Civil Concept Civil Concept и Horizon Civitastas, а поддржан е од Civica Mobilitas.
Strugaonline
Facebook Коментари