Нов мурал со порака за стимулирање и промовирање на велосипедизмот и здравата и чиста средина ја краси Струга

- Локални
453
Изминатиов викенд имаше нова мурал акција во Струга. Овојпат вклучени беа и млади креативни луѓе. Ова е нов подарок за градот нацртан на дел од зградата на Народна одбрана, нови позитивни вибрации, презентирање на еко мисли и ставови со цел да се постигнат некакви промени.
„Изработката на новиот мурал е дел од активностите на Центарот на заедницата на општина Струга, се формираа т.н Кругови на учење, и јас во улога на фасилитатор имав за цел да ги воведам учесниците во улогата уличната уметност, поконкретно за муралите како една од формите на изразување која може да служи не само како декор туку и алатка за промени во денешното општество. Преку уличната уметност и уметничките интервенциите во јавниот простор може да се  покренат  некакви размисли за промени во средината и можноста да се користи за активистички цели од различни сфери.“ -изјави уметникот Горан Ристовски.

Тој додава дека преку тематската композиција се фокусирале на стимулирање и промовирање на велосипедизмот, здравата и чиста средина и воедно поинаков стил на функционирање на секојдневието на луѓето.

Strugaonline

Facebook Коментари