Нова епизода од „Импровокација“ во сабота во Охрид

- Локални
488

Време е за четвртата епизода од шестата сезона на театарската импровизација  „Импровокација“  „Ова е месец во кој звуот на удварање на мачорите кон мачките е поприсутен од звукот на едно “здраво” по Охридските улици. Затоа, импровокаторите ве канат оваа сабота на јакнење стомачни мускули преку специјализирани вежби за смеење.“ – велат ипровокаторите, односно актерскиот тим составен од Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Никола Тодороски, Филип Ангеличин – Жура и  Никола Јосифоски.

Карти по цена од 200 денари можат да се купат во музичката продавница Зи Зи Топ, или резервираат на телефонскиот број 078283066.
Локација на шоуто, добро познатата Керал сцена при Народен Театар Охрид. Почеток: 20:00 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари