Нова водоводна пумпа пуштена во употреба во Велешта

- Локални
418

ЈП ,,Водовод и канализација“- Струга известува дека на иницијатива на директорот на претпријатието, Доц.Др.Дашмир Насуфи, во Велешта Краста е пуштена во употреба водоводна пумпа.

Оваа пумпа ќе овозможи непречено снабдување со вода за пиење на неколку населби во село Велешта.

,,Апелираме до сите граѓани да не ја злоупотребуваат водата и потсетуваме дека екипите на претпријатието се постојано на терен за откривање случаи на злоупотреба на водата и за истите ќе бидат преземени мерки согласно Законот за водоснабдување.,, -стои во соопштението од
ЈП „Водовод и Канализација“ – Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари