Нови донации за подрачното училиште во с. Ложани при ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца, Господинот Жарко Шурдоски, сопственик на компанијата „BZ Group“, донираше 5 клима уреди, 14 персонални компјутери, финансиски средства за нова електрична инсталација, како и канцелариски столови во подрачното училиште во село Ложани.

-Неизмерно сме благодарни за ваквиот значаен придонес во подобрувањето на образовните услови во училиштето! Нашите наставници и ученици конечно ќе можат да работат и учат во современи услови, што значи дека процесот на образование ќе се одвива непречено и со поголема ефикасност, велат од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца.
-Голема благодарност и до директорот и вработените при ХЕС ,,Црн Дрим” кои го поддржаа училиштето со тоа што ја поставија електричната инсталација, како и до господинот Андрија Илоски кој вложи финансиски средства за варосување на училниците! Голема благодарност и до компанијата ,,Светлина и топлина” за материјалите и монтажата на клима-уредите во ПУ Ложани. За да го заокружиме обновувањето, училиштето со сопствени средства постави 14 современи лед панели, ново осветлување во ходникот, во тоалетите и околу училишниот објект, додаваат од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца.

Во знак на благодарност, на компаниите ,,BZ Group”, ХЕС ,,Црн Дрим” и ,,Светлина и топлина”, училиштето им подари уметнички дела со ликот на свети Климент Охридски, патронот од училиштето ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца.
StrugaOnline
Facebook Коментари