Новогодишни подароци за струшките пензионери
По одлука на Извршниот одбор, претседателот на ЗП Струга, Милорад Трпоски, организира предновогодишен коктел за струшките пензионери, каде што им додели календари, пенкала, запалки нотес со амблем на здружението. Тој истовремено им ја честита Новата 2023 година им посака здравје и среќа во истата.

На пред новогодишното славење, со скромен коктел што се одржа во ресторанот на одморалиштето на Црвен крст „Солферино“ во Струга, на стотина пензионери присутни на коктелот им беа доделени ваучери, како и календари, пенкала, запалки нотес со амблем на здружението, со кое тој им ја честита Новата година посакуваќи им здравје и радост во своите домови.
Претседателот Милорад Трпоски, се заблагодари за донациите и помагателите на ЗП Струга и им посака и понатамошна соработка.
Фото и текст: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline

