Новогодишно пакетче денеска ќе добие секое дете згрижено во детското одделение при Општа Болница – Струга

- Локални
3051

 Детско одделение при Општа Болница – Струга денеска доделува новогодишно пакетче за секое дете кое е згрижено во нивното одделение.

„Упатуваме голема благодарност до градоначалникот на Општина Струга , маркет „Миса”, дооел „Балкопром”, супермаркет „Гега”за подарените новогодишни пакетчиња за дечињата. Воедно им се заблагодаруваме на: „Набизи”, „Хепи Корнер”, „Наце Комерц”, хотел „Климетица”, Генц Мерко, Патриот Хани и Вулнет Алуши , кои се погрижија за украсување на нашето одделение. Детско одделение ви посакува Среќни Новогодишни и Божиќни празници!“ – велат од тимот на струшката болница.

Strugaonline

Facebook Коментари