Градоначалникот Мерко упати новогодишна честитка до граѓаните

- Локални
720

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко во честитката до граѓаните вели дека новогодишните празници се тука за да не зближат и обединат во славење на новите почетоци, затоа тој аплерира да се  потсетиме на сите убави нешта кои се случија оваа година и да ги оставиме зад нас сите неубави нешта.

-Годината која што доаѓа нека биде година на  толеранција, добрина, разбирање и  хуманост. Овие вредности нека бидат дел од нас и нашите животи и да ја започнеме оваа година во просперитет и мир.-посакува  Мерко.

Во честитката за Новата година која што доаѓа, градскиот татко дава оценка на годинава која изминува.

„Оставаме зад нас една година полна со предизвици, но и успеси кои успеавме да ги постигнеме благодарение на Вашата поддршка и доверба. Реализиравме инфраструктурни проекти, реконструиравме и асфалтиравме патишта, поставивме нови водоводи, нова канализација, помогнавме во подобрувањето на условите во детските градинки, училиштата, изградивме јавни простори за сите граѓани како и многу други проекти.“ – вели Мерко

Во Новогодипната честитка  за 2019 та година, тој ветува реализација на многу  планирани проекти во соработка со меѓународните фондови и централната власт со цел, како што вели,  да изградиме подобра Струга, прекрасна Струга, Европска Струга.

На крај, градоначалникот Рамис Мерко во свое име и во име на тимот на Општина Струга им ја честита новата година на сите граѓани и посакува, здравје, мир, љубов, голем благослов и успех во секој домен од животот.

Strugaonline

 

Facebook Коментари