Објавен е конкурсот за учество на манифестацијата „Охридски поетски бисер”

- Локални
1233

Третото издание на поетската манифестација  „Охридски поетски бисер” ќе се одржи во манастирскиот комплекс “Свети Стефан” – Охрид, на ден 30.06.2018 година, со почеток во 12,00 часот.

„Право на учество има секој љубител на поезијата, темата е слободна, со испраќање на необјавена поетска творба, не подолга од 28 (дваесет и осум) стихови, во calibri (body), со фонт 12 и истите да бидат испратени на имеил ohridskipoetskibisе[email protected] заклучно со 20.06.2018 година.За непридржување кон пропозициите од страна на испраќаќите на поетските творби, истите нема да се земат во предвит во понатамошната селекција и учество на фестивалот.“ – информираат организаторите.

Резултатите ќе бидат објавени на 25.06.2018 година.
Лицата кои се заинтересирани за преноќевање во манастирскиот комплекс “Свети Стефан” можат да се обратат на тел. бр.076/440-435 и 070/227-237 кај г-дин Игор Станик.

Strugaonline

 

Facebook Коментари